Легализација чекаат околу 7.000 дивоградби

Bez autora
Jan 23 2011

Во Велес има околу седум илјади дивоградби што чекаат легализација. Цели населби како Керамидна, Тунел 2, Камено Брдо, Вршник, Речани и онаа во близина на Спомен-костурницата, се бесправно изградени. Само во населбата Керамидна изградени се над 400 куќи. Дивоградби не се само семејни куќи, туку и индустриски и други објекти. Покрај локалните патишта кон Башино Село и Превалец и денес секојдневно никнуваат огромни објекти наменети за трговија и стопанство. Сопствениците на дивоградбите ја поздравија одлуката на Владата за донесување на Законот за легализација на дивоградбите. Со скромна плата едвај изградив две соби во највисокиот дел од градот. На два пати ми беше рушена. Од Општината барав локација, но не ми дадоа. Сега ќе бидам среќен ако со овој Закон ќе можам да кажам дека тие две соби се мои и дека никој повеќе нема да ми ги руши.

Легализација чекаат околу 7.000 дивоградбиВо Велес има околу седум илјади дивоградби што чекаат легализација. Цели населби како Керамидна, Тунел 2, Камено Брдо, Вршник, Речани и онаа во близина на Спомен-костурницата, се бесправно изградени.

Само во населбата Керамидна изградени се над 400 куќи. Дивоградби не се само семејни куќи, туку и индустриски и други објекти. Покрај локалните патишта кон Башино Село и Превалец и денес секојдневно никнуваат огромни објекти наменети за трговија и стопанство. Сопствениците на дивоградбите ја поздравија одлуката на Владата за донесување на Законот за легализација на дивоградбите.

- Со скромна плата едвај изградив две соби во највисокиот дел од градот. На два пати ми беше рушена. Од Општината барав локација, но не ми дадоа. Сега ќе бидам среќен ако со овој Закон ќе можам да кажам дека тие две соби се мои и дека никој повеќе нема да ми ги руши - вели сопственик на дивоградба.

Проблемот со дивоградбите во Велес не е вчерашен. Години на ред Општината немаше локации, па луѓето беа присилени да градат диво. Локации нема и денес. Токму поради тоа на местото на старата велешка архитектура никнаа нови куќи кои во многу го изменија ликот на некогашниот Велес.

- Велес е еден од градовите кој има најмногу дивоградби. Причината се знае. Со години Општината не издаваше легални локации. Луѓето мораа на диво да градат најнапред на ридовите, а најпосле и диво ја изградија и населбата Речани во која се наоѓаа велешките бавчи - вели еден граѓанин.

И додека едни ја поздравија одлуката на Владата за легализација на дивоградбите, не мал број други велешани мислат поинаку.

- Не сум против легализирањето на дивоградбите. Меѓутоа, неправедно би било за оние кои легално ги изградиле своите куќи и платиле многу повеќе пари за комуналии. Можеби подобро ќе беше ако со Законот се предвидеше наместо едно евро за квадратен метар сите граѓани кои изградиле дивоградби да платеа по две илјади евра како казна, па потоа да им се легализираше објектот - вели жител на Велес.

Иако Законот за легализација е се уште во процедура, трката за обезбедување на потребната документација за докажување на сопственоста, почна. Се премеруваат површините на дивоградбите и другите бесправно изградени објекти, за да може, кога ќе стартува Законот навреме да се заврши целата постапка околу нивната легализација. Од општината велат дека за реализација на оваа акција ќе имаат полни раце работа. Потребно е, велат, ангажирање на поголем број стручни лица, кои во моментов ги нема. Како и да е околу 7.000 сопственици на дивоградби во Велес со нетрпение го очекуваат Законот за легализација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik